Бекамови ја продадоа куќата во Лос Анџелес

By

Еден од најпознатите и најмоќни двојки на денешницата, Дејвид и Викторија Бекам заработија со продажбата на нивната луксузна куќа во Лос Анџелес.

Поранешниот фудаблер и поранешната музичка британска ѕвезда од групата „Спајс Грлс“, ја продадоа својата вила за 25 милиони британски фунти. Нивниот луксузен, сега веќе поранешен дом, има шест спални соби, девет купатила, библиотека, музички соби и базен.

Вилата која е изградена во италијански стил Дејвид и Викторија ја купија во 2007 година, за 17 милиони фунти. Бекам потпиша договор вреден 190 милиони фунти со Лос Анџелес Галакси. Со продажбата тие го пополнија буџетот за 8 милиони фунти. Засега не е познат купецот на куќата.

Семејството Бекам повеќе време минува на Флорида каде Дејвид основал сопствен фудбалски клуб, „Internacional de Futbol Miami, односно Inter Miami, па веројатно тоа е една од причините зошто се одлучиле на продажба на досегашниот дом. Во истата куќа некогаш живеела славната холивудска актерка Мег Рајан.

Ќе ви се допадне