Бекамови се посиромашни од семејството Пелц, младенците потпишаа предбрачен договор

Синот на Дејвид и Викторија Бекам, Бруклин, и неговата свршеница Никола Пелц, потпишаа предбрачен договор со кој ќе го заштитат богатството на своите семејства. Богатството на Бекамови се проценува на речиси 335 милиони долари, но родителите на Никола се многу побогати, па нејзиниот татко има околу 1,1 милијарда долари. Во договорот наводно стои дека ако се разведат, никој нема да добие ништо од имотот на другиот – ниту пари, ниту недвижности ниту што и да било друго, пишуваат светските медиуми.

Според изворите, предбрачните договори се сосема нормална работа во семејството на Никола и сите членови што се во брак имаат потпишано ваков договор.

„Одлуката на Бруклин и Никола за договорот беше заедничка. Тој има искуства со девојки што биле со него само поради неговото презиме, па сите се среќни што Никола вистински го сака. И, нормално, нејзе не ѝ се потребни неговите пари, особено што и самата е модел и има своја успешна кариера. Нема ништо комплицирано. Во случај да се разделат, и двајцата ќе го напуштат бракот со она со што го почнале, односно нема да си даваат ништо“, изјавил извор близок до парот.

Парот врската ја потврди во јануари годинава, а пет месеци подоцна се свршија. Првично планирале свадба во септември в година, но ја одложиja за 2022.

„Бруклин им соопшти на родителите дека ќе ја одложат венчавката бидејќи уште е многу ризично. Не сакаат подоцна да мора пак да одложуваат, ниту да го ограничуваат бројот на гости“, рекол истиот извор.

За венчавката, единствено се знае дека Викторија Бекам ќе ја дизајнира венчаницата на Никола, а таа носеше нејзина креација и за свршувачката.

Scroll to Top