Бела Хадид ја победи тешката болест по десет години

Светската манекенка Бела Хадид, по десет години успеа да ја победи тешката болест. Бела на 16 години се заразила со Лајмска болест, која се пренесува со каснување од крлеж. Од истата таква болест настрадал нејзиниот брат, манекенот Анвар.

Манекенката поминала тежок пат уште пред да ѝ биде дијагностицирана болеста. Докторите прво се посомневале дека има АДХД, но, како проблемите се зголемување, мајка ѝ Јоланда почнала да се сомнева дека станува збор за посериозен здравствен проблем, пренесе „Дејли Мејл“.

„Мојот прв третман на кој се сеќавам, каде лекарите можеа да ме лекуваат и да ми кажат што не е во ред со мене, беше во Рено на Универзитетот во Невада. Година или две подоцна, мајка ми нè возеше преку границата во Тихуана, Мексико кај мојот доктор“, рече манекенката.

„Сакам само да го допрам овој пост од минатата недела. Бела штотуку го заврши долгиот и интензивен третман за Лајмска болест. Толку сум горда на неа и возбудена за нејзиното враќање, секогаш кога ќе се почувствува подготвена – открила Џиџи.

На почетокот на годината болеста ѝ се влошила. Преживеала дополнителни болки по итна операција на вилицата бидејќи забот што требало да се извади бил заразен. Лекарите и препишале антибиотици и лекови против болки предизвикани од инфекцијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YOLANDA (@yolanda.hadid)


Сега со сестра ѝ Џиџи (28) заедно се појавија на ревијата на дизајнерката Симон Порте Жакемус, а по ревијата Бела итно отишла на лекар.

„Едвај го чекам враќањето“, напиша Џиџи по ревијата, по што ги смири фановите дека работите конечно се подобриле за неа.

Scroll to Top