Бела Хадид проговори за борбата со анксиозноста и менталното здравје: Не сум она што го гледате на социјалните мрежи

Топ-моделот Бела Хадид (24) јавно проговори за своето ментално здравје. Таа сподели неколку фотографии на „Инстаграм“ како плаче велејќи дека се почувствувала охрабрена да проговори искрено откако Вилоу Смит (21), ќерката на Вил Смит, проговори за нападите на анксиозност што ги доживеала на сцената.

Бела најпрвин ѝ се заблагодари на Вилоу и ја пофали за храброста, а потоа почна со сопствената исповед за борбата поврзана со менталното здравје, која ја води веќе неколку години.

„Тоа чувство и размислувањето дека не си доволно добар или несигурен во сопствената уметност сметам дека е природно. Но, истовремено чувствувам и дека тоа е нешто што сме го научиле. Сите луѓе се разликуваме, секој човек има нешто посебно и единствено да понуди, а понекогаш луѓето забораваат дека сите ние во основа се чувствуваме исто: изгубени, збунети и не сме во целост сигурни зошто сме тука. Таа вознемиреност ја чувствуваме сите – и се обидуваме да ја прикриеме на некој начин. Ќе се обединиме во нашите недостатоци, во несигурностите, во моментите кога сме радосни и среќни и ќе прифатиме дека сето тоа е убаво и природно“, раскажува таа.

Моделот додава дека социјалните мрежи не се реалност и дека сите што имаат проблеми како неа треба да го запомнат тоа.

„Понекогаш е потребно да слушнете дека не сте сами, па затоа ви велам дека не сте сами. Ве сакам, ве гледам и ве слушам. Самопомошта и болестите со менталното здравје/хемискиот дебаланс не се линеарни и понекогаш тоа е како да сте на луда железница полна со пречки. Имате подеми и падови и удирање во страна. Но, сакам да знаете дека секогаш светлото е на крајот на тунелот, а и возењето на лудата железница завршува во еден миг. Ми требаше долго време да го сфатам тоа, но имав премногу падови за да го знам ова: ако работите доволно добро на себе, ако поминувате време сами за да ги спознаете сопствените трауми и што е она што ги поттикнува немирите, да дознаете што ве радува или ви е рутината, секогаш ќе бидете во можност подобро да ја сфатите сопствената болка и како да се справите со неа“, вели таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid)

Бела и претходно јавно зборуваше за своето ментално здравје. Таа во интервју за „Вог“ рече дека на почетокот на кариерата луѓето ѝ се потсмевале затоа што никогаш не се смеела, а таа вели дека тоа се должело на моментот што во тој период навистина не била во добра здравствена состојба.

А во 2019 година изјави дека на почетокот на кариерата на 18-годишна возраст работела дневно по 14 часа во период од четири месеци и била емотивно нестабилна.

„Плачев секое утро, за време на паузите за ручек и пред да легнам да спијам. Се чувствував виновна затоа што имав можност да го живеам овој прекрасен живот, ги имав сите можности, но сепак имав депресија. Немаше никаква смисла“, рече таа.

 

 

Scroll to Top