Белгиска манекенка е новата девојка на Килијан Мбапе

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе по врската со трансродовиот модел Инес Рау (32), сега е во љубовна врска со Стефани Роуз Бертрам, пренесуваат француските медиуми.

Гласините за новата девојка на ѕвездата на ПСЖ се појавиле откако медиумите објавија дека тој повеќе не ја следи својата поранешна девојка Инес Рау на социјалната мрежа Инстаграм.

Белгијката Стефани Роуз Бертрам (28) е професионална манекенка. Сефани е бивша девојка на Грегори ван дер Вил, во времето кога тој бил член на ПСЖ со кој има две деца.

Таа наводно била и во Катар за време на Светското првенство, но не само за Мбапе, туку и за модната ревија, пренесува шпанскиот медиум.

Scroll to Top