Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчаа во Лас Вегас

Глумецот Бен Афлек и пејачката Џенифер Лопез се венчаа во Лас Вегас, пренесе justjared, повикувајќи се на TMZ. Според документите кои ги објавија медиумите, двајцата добиле дозвола за брак во саботата во округот Кларк, во Невада.

На нив ги има нивните имиња Бенџамин Геза Афлек и Џенифер Лин Лопез. Извор близок до нив потврдил за медиумот дека тие се венчале.

За потсетување, Бен и Џенифер првпат се свршија на крајот на 2002 година, но ја прекинаа врската во 2004 година пред нивната венчавка.

Повторно се заедно од пред речиси една година и ја објавија својата свршувачка по втор пат во април 2022 година.

Scroll to Top