Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчале скришум, а гостите морале да потпишат договор за тајност

Холивудската двојка Бен Афлек и Џенифер Лопез се венчале скришно, а гостите ги натерале да потпишат договор за тајност и да не кажуваат на никого, пренесуваат некои од светските таблоиди.

Познатата двојка повторно ја обнови врската од пред 20 години, а од неодамна и се свршија. Како што пренесуваат некои од медиумите тие се венчале во хотелот Риц-Рејнолдс, каде има прекрасен погед на езерото Окони во државата Џорџија.

Вработените во хотелот исто така потврдиле дека двојката се венчале и дека гостите кои присуствувале морале да потпишат договор за тајност. Досега во јавност нема излезено никакви фотографии од церемонијата, а се шпекулира дека Бен и Џеј Ло ги продале на познат магазин.

Наскоро се очекува да бидат екслузивно објавени. Не е познати ниту спискот на гости кои присуствуале на венчавката, но се споменува името на бившиот на пејачката, Марк Енотни со кого има близнаци, а кој сè уште го смета за близок пријател.

За потсетување, Бен и Џенифер и пред 20 години се обидоа да се венчаат тајно. Тие дури и ангажираа статисти за да ги глумат и ги измамат папараците, додека се венчаат на друга локација. Сепак до тоа не дојде, затоа што врската им се растури четири дена пред венчавката.

.

Scroll to Top