Глумецот Бен Афлек по подолго време проговори за разводот од неговата поранешна сопруга, Џенифер Гарнер и како таа влијаела тој да стане алкохоличар. Тој ја обвини глумицата и посочи дека проблемите во бракот го натерале да се сврти кон алкохолот.
„Пред да се разведам пиев нормално. Откако почнаа проблемите во бракот почнав да имам проблеми со алкохолот. Тоа беше во периодот 2015 и 2016 година. Како растеа проблемите во бракот, така растеше и мојата желба за алкохол. Откако се разделив со Гарнер, станав алкохоличар“, признал Бен.
„Најмногу во животот жалам за разводот. Тогаш Чувствува голем срам. Тоа е такво токсично чувство, кое не можам да го објаснам. Се гадев од самиот себе си“, објаснил глумецот.
Џенифер и Бен се разведоа по 13 години брак, а заедно имаат три деца.
„Луѓето со компулсивно однесување, како мене, се обидуваат да го најдат чувството на среќа преку јадењето, пиењето, сексот, коцкањето или пазарењето. На тој начин се чувствуваат поубаво. Но, не разбираат дека тоа го прави нивниот живот полош. Тогаш правите сè што е во ваша моќ за да се ослободите од непријатноста, но всушност во тие моменти почнува вистинската болка“, вели Афлек.