Бен Афлек се откажува од улогата на Бетмен

Холивудкиот актер Бен Афлек изјави дека нема да се појави во улогата на Бетмен во новите филмови од оваа франшиза.

За потенцијалното повлекување се шпекулираше неколку месеци, а официјалната потврда дојде од студиото Warner Bros. Претставници на студиото изјавија дека Бен Афлек побарал повеќе пари од предвиденото за да се појави во новиот филм, а тие не сметаат дека можат да си дозволат да потрошат толкави суми за еден актер, така што тој повеќе нема да биде дел од филмската франшиза.

Помеѓу последниот филм на Афлек , денеска, актерот кој ја толкуваше улогата на Бетмен во филмовите „Batman v Superman: Dawn of Justice“, „Suicide Squad“ и „Justice League“ беше на рехабилитација поради зависноста од алкохол.

Scroll to Top