Бен Афлек ѝ се врати на старата љубов Линдзи Шукис

Актерот Бен Афлек повторно е во врска со продуцентката Линдзи Шукис, девојката за која се шпекулираше дека долг период му била љубовница додека бил во брак со Џенифер Гарнер.

Афлек по разводот со Гарнер, почнал кратка авантура со Линдзи, но двојката брзо потоа раскинала. Линдзи краток период живеела во неговата вила, но брзо се иселила велејќи дека не може да ја толерира неговата зависност од алкохолот. Афлек повторно влезе во кратка авантура со помлада плејбој-зајчица Шона Секстон, од која не се двоел со недели.

Со помладата девојка Афлек го прославил 46. роденден, по што повторно се врати на рехабилитација. Сега актерот е виден повторно во друштво со Линдзи, а папараците во еден момент успеале да ја фотографираат продуцентката како излегува од неговиот дом.

Според пишувањата на светските таблоиди, продувентката била таа која ја прекинала нивната врска пред половина година. Линдзи им се пожалила на пријателите дека била немоќна да му помогне на Бен со неговиот проблем со пиењето и дека актерот ќе мора самиот да го допре дното за да се разбуди во реалноста.

Пријателите на Бен Афлек велат дека актерот засега одлично закрепнува, а завршил со снимање на дури три филма.

 

 

Scroll to Top