Бен Афлек бил снимен од папараците во друштво на вдовицата на познатиот поранешен основач на компанијата „Епл“ Стив Џобс. Светските медиуми шпекулираат дека двојакта е во врска веќе некое време.
Актерот ѝ правел друштво на Лорен Пауел Џобс во еден познатиот ресторан „Џорџо Балди“ во Санта Моника. Двајцата во ресторанот поминале три часа уживајќи во разговорот и вкусните деликатести.
„Тие се пријатели веќе подолго време“, открил нивен заеднички пријател, кој не сакал да ја потврди нивната врска.
Афлек ја запознал Лорен во 2010 година, додека таа се занимавала со филантропија. Во тие моменти актерот ја основал компанијата Eastern Congo Intiative.
Во истиот ресторан пред само неколку недели била видена поранешната сопруга на Бен Афлек, Џенифер Гарнер, која пристигнала таму со своето момче.