Шпанскиот актер Педро Алонсо ја освои женската публика со својата улога на Берлин во хит-серијата „La Casa de Papel“. Но, славниот актер е заљубен во Србинката Татјана Џорџевиќ, чие уметничко име е Tикси.
48-годишниот актер не открива многу за себе во јавноста , но реши сепак да прозборе за врската со Татјана. Тие за првпат лани во јавноста се појавија на црвениот тепих.
Педро и Тикси се запознаа на почетокот од 2019 година во Париз, каде што таа во моментов живее и работи како хипнотерапевт. Оттогаш се неразделни. „Кога ја запознав Тикси, во себе почувствував некоја збунетост. Почнавме спонтано да разговараме, без да кокетираме, а на крајот ѝ го дадов телефонскиот број за да ми се јави“ – открил тој. „Со Татјана заедно твориме и така нашите дела ги потпишуваме со заедничкото име Magü“ – вели Педро.