„Беше еднаш во Холивуд“ игра во Скопје на 15 август

Новиот филмски хит на режисерот Квентин Тарантино, „Беше еднаш во Холивуд“, во Скопје ќе игра од 15 август. Филмот со Бред Пит и Леонардо ДиКаприо во главните улоги ќе се прикажува во Синеплекс и во Милениум.

Филмот имаше светска премиера на Канскиот филмски фестивал, а во американските кина почна да игра на 26 јули и во првиот викенд заработи 40 милиони долари.

ДиКаприо глуми актер во вестерн филмови, нервозен што неговата слава опаѓа, додека Пит е неговиот дублер, пријател и возач. Иако сместен во позадината на убиствата на кланот на Менсон, целта на Тарантино е да го долови сјајот на Холивуд од неговото златно време.

Холивудските медиуми засега имаат пофални рецензии и високи оценки за деветтиот и, најверојатно, претпоследен филм на Тарантино.

Scroll to Top