„Беше импотентен и смрдеше“, бившата жена на Фил Колинс ги предаде документите за развод

Поранешната сопруга на Фил Колинс, Ориен Сивеј, изјави пред судот дека пејачот смрди затоа што не се бањал со месеци и е импотентен.

Севеј во понеделникот во Мајами ги предала документите на суд обвинувајќи го својот сопруг дека се откажал од нивниот договор според кој требало да ѝ даде половина од куќата. Во тој документ таа го опишала Колинс како човек што не си ги миел забите со месеци, пренесува Page Six.

Таа тврди дека Колинс во 2017 година почнал многу да пие и дека често имал прекумерна количина алкохол во своето тело. Неколкупати додека бил во таква состојба, паднал на главата, а во болница се пријавувал под псевдоним. Неговата поранешна сопруга раскажала дека тој своевремено паднал и на сцената во текот на настап затоа што бил пијан.

Исто така, таа тврдела дека до 2019 година Колинс станал подепресивен, повлечен, со насилнички нагони, а откога го оперирал грбот, станал зависен од антидепресиви и таблети против болки. „Не можевме да имем секс“, потврдила таа. „Престана да се тушира, да ги мие забите и да се облекува нормално“. Соработниците на Колинс велат дека нејзината пријава за судот содржи лажни, нематеријални, дрски, скандалозни и превртливи обвиненија, кои немаат никаква врска со барањата во овој случај.

„Човекот има сериозен невролошки проблем поради кој мора секојдневно да пие лекови, а тоа значи дека понекогаш можеби и може да падне на сцената“, велат сведоците.

„Тој моментно е во Велика Британија на проби со бендот“, додал изворот. „Да беше во таква состојба, немаше да може да функционира.

Scroll to Top