Бети Вајт ќе го слави 100. роденден во кино и сите се поканети

Американската актерка Бети Вајт наскоро ќе наполни 100 години. Таа најави дека ќе го слави во кино и ги покани сите на нејзината забава. На 17 јануари во 900 киносали низ цел САД, фановите ќе имаат можност да ја доживеат легендарната актерка преку документарцот „Бети Вајт: 100 години млада – роденденска забава“, кој го опфаќа нејзиниот приватен живот и кариера.

„Ќе имам голем роденден, директно на големото платно. Купете карта и придружете ми се“, напиша Вајт на Инстаграм.

Во документарецот ќе се појават Рајан Рејнолдс, Тина Феј, Клинт Иствуд, Роберт Редфорд, Лин Мануел-Миранда, Морган Фриман, Џеј Лено, Џејмс Корден, Џими Кимел и други. Тој ќе трае час и 40 минути.

Годинава, актерката скромно го прослави роденденот поради пандемијата на коронавирусот. Таа тогаш изјави дека најбитно е што е благословена со добро здравје.

„Да се полни 99 години не е ништо поразлично од 98“, додаде таа.

Scroll to Top