Бев луд по Синди Крафорд, а таа ми рече, или ќе ме ожениш или си одам: Како пропадна бракот на Ричард Гир и најславната манекенка

Синди Крафорд и Ричард Гир беа еден од омилените парови во Холивуд, во центарот на медиумското внимание во текот на 90-тите. Каде и да се појавиле се зборувало дека се нај сексапилниот пар . Нивната врска, навидум изградена на цврсти темели, се соочила со турбулентни бури, кои биле закана за нивната идилична приказна.

И додека сите мислеа дека имаат совршен брак двојката се раздели, но не поради недостаток на љубов, туку поради сопствените стравови и несовршености.

 

Како почна љубовта на Синди Крафорд и Ричард Гир

Синди имала 22 години кога го запознала тогаш 39. годишниот Ричард Гир на скара кај легендарниот фотограф, Херб Риц. Не им требало долго за да станат број еден пар во Холивуд, магазинот „People“ дури ги прогласил и за најсекси пар на светот. Набрзо се појавиле и гласини за венчавка.

„Имав 22 години и на таа возраст сè уште не знаеш кој си, ниту што сакаш да бидеш, а тој веќе беше близу до 40. Дваесеттите години кај жената се време кога само што почнува да ја чувствува својата моќ.  Само не сакав да следам некого, сакав да бидам и таа што води понекогаш, но и онаа која оди рака под рака со некого“, открила познатата Синди Крафорд во интервју за Опра Винфри во 2013 година.

 

Според Гир, Синди била таа која инсистирала на брак

. „Бев девојка која порасна гледајќи романтични филмови и сонувала за голема венчавка од бајките. Бевме заедно неколку години и постојано го прашував кога ќе се венчаме“, раскажала таа.

Ричард на крајот се согласил на брак. „Имав 42 години, а жената по која бев луд и која многу ја сакав ми рече: „Не можам да чекам. Доколку ништо не се случи, ќе продолжам понатаму. „Бракот со Синди е најдобрата одлука што сум ја донел“, изјавил тој во интервју непосредно по венчавката.

 

По четири години љубов , Ричард конечно се одлучил да направи свадба со Синди во Лас Вегас. Тоа била импровизирана церемонија во мала капела, без вистински прстени, наместо тоа имале заменски бурми од алуминиумска фолија. На самиот почеток функционирале совршено, но набрзо станало јасно дека меѓу нив постоела непремостлива разлика. Не биле само годините, најголемиот проблем била погрешната визија за заедничка иднина.

„Повеќе од сè сакам семејство. Чувствувам дека тоа е она што ми треба во мојот живот и мислам дека би била добра мајка“, изјавила Синди.

Кога Ричард Гир во една прилика го прашале новинарите дали планира деца со сопругата, тој само им одговорил: „Јас сум сè уште дете.“

 

Потоа се појавиле и гласини дека нивниот брак е само „фарса“, бидејќи и двајцата биле геј и како наскоро ќе се разведат. Гласините отишле толку далеку што парот платиле оглас во весник со цел да ги побијат и јавно да ја потврдат нивната хетеросексуалност.

„Се венчавме затоа што се сакаме и затоа што сакаме да го поминеме животот заедно. Ние сме хетеросексуалци, моногамни и сериозно го сфаќаме нашиот однос. Приказните за разводот се невистини“, пишувало во огласот кој излегол во весниците на почетокот од мај во 1994 година.

 

 

 

По седум месеци, на 1 декември 1994 година, парот соопштил дека се разведува – ставајќи крај на нивната заедничка приказна.

Манекенката Синди по  разводот, почна врска со Ранде Габер со кого се омажи и имаат две деца. Се венчаа на 29 мај 1998 година и ги имаат ќерката Каја и синот Присли. Синди и Габер до денес се во брак. Кога  пред неколку години ја прашале која била причината за крајот на љубовта со Ричард Гир, Синди признала дека пресудна била разликата во годините, премногу обврски и недостатокот на пријателство во односот.

 

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top