Бев навикната мажите да ме сакаат само малку, објавен дел од автобиографијата на Мира Фурлан

Една од најомилените актерки од овие простори, мултиталентираната Мира Фурлан (1955-2021), чија смрт го потресе регионот иако долги години живееше во Холивуд, зад себе остави ракопис од својата автобиографија „Тој ме сака повеќе од сè на светот“, која постхумано ја објави нејзиниот сопруг Горан Гајиќ на Денот на книгата.

„Доверба. Апсолутна, целосна доверба. Можевме да си кажеме сè, со чувство на доверба дека ќе се разбереме. Првпат во мојот живот, не слушам обвинувања дека сум премногу жестока, премногу тешка, премногу посесивена, за да се задушувам премногу. Мојот интензитет се совпаѓаше со неговиот. Мојата љубов беше добредојдена. Ме прими со раширени раце, полно срце. Не требаше да ги цензурирам моите чувства. Не морав да бидам внимателна или да оставам впечаток дека сум на безбедно растојание. Никогаш не сум почувствувала нешто слично. Каде е кваката, постојано се прашував. Се испостави: нема квака. Овој човек ја сакаше мојата љубов, му требаше, толкава количина на љубов колку што само јас можев да ја дадам. Не сакаше да ја заузди, ограничи, подели. Бев навикната мажите да ме сакаат само во мали дози, како поголема количина ќе им наштетеше на нивното здравје. Овој пат, конечно успеав да ја опсипам мојата љубов на човекот кој, пак, ме опсипуваше со сета своја силна љубов“, стои во објавата на Инстаграм профилот на Букстор.

Филмската и театарска актерка Мира Фурлан е родена во Загреб во 1955 година. На 22-годишна возраст дипломираше на Академијата за драмски уметности во Загреб, по што се вработи во Хрватскиот народен театар во Загреб.

Славата ја стекна со улогата на Кејт во серијата „Вело мисто“. Ја освои „Златната арена“ за најдобра женска улога за улогите во филмовите „Киклоп“ (1983) и „Убавината на порокот“ (1986). Светската јавност ја запозна во филмот на Емир Кустурица „Татко на службен пат“.

Кон крајот на 1991 година емигрираше во САД со својот сопруг, режисерот Горан Гајиќ, каде што се истакна во сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“. Глумеше во бројни американски претстави и филмови, а од почетокот на новиот милениум и во филмови и театри во земјите од поранешна Југославија.

Почина лани во Лос Анџелес

Scroll to Top