Без мене ќе беше мртва, рече таткото на Бритни Спирс, кој 13 години имаше контрола врз животот на пејачката

Таткото на Бритни Спирс, Џејми Оливер, кој 13 години имаше целосна контрола над пејачката, во едно од последните интервјуа призна дека ако не бил тој, неговата ќерка денеска ќе била мртва. Џејми повеќе од една деценија имаше контрола над нејзиниот живот и финансии.

На крајот Бритни беше ослободена и со фотографија во црвено бикини и им се заблагодари на 46 милиони фанови на „Инстаграм“, за поддршка која ја добила во целиот тој период додека била под негова грижа.

Уште на почетокот милиони фанови го осудија Џејми за тоа како постапува со ќерка му. Меѓу нив беа и познатите ѕвезди, Мадона, Парис Хилтон и Мили Сајрус кои го обвинија дека наводно ѝ ги прислушувал телефоните, ја држел во установа за ментално здравје против нејзина волја и дека ја контролирал.

Тогаш беше оформено и движењето #FreeBritney на интернет и сите бараа да му се одземат правата на Џејми за Бритни биде слободна. Џејми ја нарече кампањата шега која ја воделле теоретичари на заговор.

Во интервјуто тој објасни дека единствената причина поради која Бритни денес е жива, била самиот тој. Тврди дека морал да интервенира за да ја спаси.

„Тоа беа тешки времиња, но одлуките кои ги направив беа исправни. Можеби нема да се согласат сите со мене, но јас ја сакам ќерка ми од сè срце и душа. Каде ќе беше Бритни денес без мој надѕор? Не можам со сигурност да кажам дека ќе беше жива“, рече Џејми.

Тој ѝ стана старател откако Бритни во 2007 година доживеа нервен слом, брзо откако се разведе од Федерлајн. Пејачката ја избричи косата, и со чадор удири во автомобил на фотограф. Потоа беше испратена во болница заради злоупотреба на супстанци.

Но, откакo кампањата #FreeBritni доби на сила, беа одржани низа на судски процеси зад затворени врати за прекин на старателството на Џејми врз Бритни.  По укинувањето на истото, Бритни почна да објавува голи фотографии на социјалните мрежи, со што го расипа односот со нејзините два сина и бивши сопруг.

Џејми кој имал големи здравствени проблеми денес живее со другата ќерка Џејми Лин во Луизијана и нема никаков контакт со Бритни.

Scroll to Top