Без шминка, во црна маица и фармерки Лејди Гага пееше на Оскарите

Лејди Гага на Оскарите во Лос Анџелес се појави во долг црн фустан, дополнет со дијамантска јака. Елеганцијата и гламурот, Гага на сцената го замени со кежуал изглед.

Таа се појави во лежерно издание, без шминка, црна широка маица и црни фармерки и ја отпеа песната „Холд мај хенд“, посветена на режисерот Тони Скот, кој почина пред 11 години.

Гага, која беше номинирана за најдобра оригинална песна за „Холд мај хенд“ од „Топ Ган: Маверик“, се шпекулираше дека нема да присуствува на 95-тото доделување на Оскарите поради снимањето на продолжението на „Џокер“. Меѓутоа, во последен момент се предомислила и дошла на свечената церемонија.

Номинацијата на Гага за „Холд мај хенд“ ја прави првата уметница која добила три номинации во категоријата по номинациите за „Til It Happens to You“ од „The Hunting Ground“ и „Shallow“ од „A Star Is Born“.

Scroll to Top