Без ѕвезди, гламур и ТВ-пренос беа доделени „Златните глобуси“

Без телевизиски пренос во живо и без црвен килим, вчера зад затворени врати беа доделени „Златните глобуси”, една од најпрестижните филмски манифестации од рангот на „Оскарите“, во организација на Здружението на странските новинари во Холивуд.

Во листата на наградени беше West Side Story во режија на Стивен Спилберг, кој беше прогласен за најдобар мјузикл или комедија, а The power of the dog ја доби наградата за најдобра драма.

Никол Кидман беше прогласена за најдобра актерка во драма за нејзината улога во Being the Ricardos, а во истата категорија, само за машка улога, „Златен глобус” доби Вил Смит за драмата King Richard.

Ѕвездата на West Side Story, актерката Рејчел Зеглер, беше прогласена за најдобра актерка во мјузикл или комедија, а нејзиниот колега Ендрју Гарфилд ја доби статуетката за најдобар актер во мјузикл или комедија.

 

Инаку, голем дел од филмската фела годинава ја игнорира престижната манифестација поради ланските критики дека организаторите работат со сомнителна етичка политика, без црномурни членови.

Теливизискиот канал Ен-би-си, кој инаку ги емитува „Златните глобуси”, годинава реши да не ја врши таа функција.

Наградените беа објавени преку официјалните социјални мрежи на „Златен глобус”.

 

 

Scroll to Top