Бездомник провали во домот на Пирс Броснан

Полицијата во Лос Анџелес во понеделникот, уапсила маж кој упаднал во луксузниот имот и домот на актерот Пирс Броснан во Малибу. Оттаму соопштија дека крадецот бил забележан како уринирал во градината на соседот на Пирс, а потоа претурал низ ѓубрето влегол во куќата на актерот.

Според TMZ, замениците на Одделот на шерифот на округот Лос Анџелес во понеделникот побрзале да стигнат на имотот на актерот во Малибу, откако добиле пријава за непознат маж кој влегол на неговиот и имотот на соседот.

Тие додадоа дека мажот талкал низ градината на Пирс пред да влезе во неговиот дом, каде што користел вода од пералната за да се измие. Кога пристигнала полицијата, тој побегнал од местото, но подоцна бил уапсен на брегот, по што бил однесен во станица.

Се верува дека сопругата на Пирс, Кели, била дома за време на инцидентот.

Scroll to Top