Бибер себичен, Бредли досаден, холивудски ѕвезди кои се очајни во сексот

Многумина биле заљубени во некоја светска ѕвезда, имале желба да ја запознаат, да поразговараат со неа или, пак, да направат и нешто повеќе. Милиони жени и мажи воздивнуваат по нив, но само на малкумина им се остварила желбата да завршат во нивните кревети.

За некои од нив велат дека се жив оган кога е сексот во прашање, но за поединци се тврди дека биле многу лоши на ова поле.

Иако живееше во вила со еден куп секси девојки, познатиот светски новинар и основач на „Плејбој“,  Хју Хефнер, не бил премногу добар во сексот. Според зборовите на неговата поранешна вереница Кристал Харис, Хефнер имал проблем со самопочитта.

Тој за време на сексот никогаш не сакал да се соблече. Освен тоа, предиграта со него траела само неколку минути.

Колин Фарел важел за голем заводник во Холивуд. Но, Ирецот не може премногу да се пофали со љубовните вештини. Една од неговите поранешни партнерки изјавила дека тој бил возбудлив во креветот како Мики Маус и дека често ги менувал девојките затоа што ниту една од нив не сакала да остане со него.

Поп-ѕвездата Џастин Бибер го нема научено бонтонот во кревет. Многу од неговите девојки велат дека бил себичен љубовник. Пејачот имал големи очекувања од неговите партнерки, но малку давал и речиси ништо не правел.

„Немаше многу фантазија кај него и гледаше само тој да биде задоволен“, изјавила една од неговите поранешни девојки.

Миленикот на жените Бредли Купер наводно бил лош во кревет. Џенифер Лоренс без влакна на јазикот открила дека актерот очајно води љубов, а една од неговите поранешни девојки изјавила дека бил многу досаден. Често зборувал со француски акцент, затоа што мислел дека тоа е романтично.

За пејачката Тејлор Свифт се вели дека во секоја од своите песни пее за некое од нејзините поранешни момчиња. Американскиот таблоид „Стар“ цитира еден од нејзините поранешни љубовници кој открил дека таа сака само да води љубов, а ретко практикува секс.

Тој ја нарекол досадна и без фантазија. Затоа и нејзините врски не успеваат.

Уште еден кој е себичен во креветот, Дрејк, не сака премногу да им дава внимание на неговите партнерки. Тој за време на сексот е зафатен само со себе, а една од неговите поранешни девојки го нарекла нарцисоиден и многу досаден.

 

Scroll to Top