Бијонсе доби прва номинација за „Оскар“

Поп пејачката Бијонсе годинава ја освои првата номинација за „Оскар“. Номинацијата ја доби за најдобра филмска музика за песната Be Alive, која што е дел од филмската музика на „Кралот Ричард“, приказна за детството на сестрите Серена и Венус Вилијамс и нивниот татко Риачрд.

Извршниот продуцент и ѕвезда на филмот, Вил Смит, кој е номиниран за најдобра главна машка улога, рече дека песната е инспирирана од приказната на херојот кој ги претвори своите ќерки во шампионки.

„Спојот на филмот и песната е еден вид магија што е неспоредлива во забавната индустрија. Бев пресреќен кога Бијонсе ја прифати соработката“, рече Смит.

Ова не е прва номинација за Оскар на Бијонсе. Таа неколкупати доега настапуваше на „Оскарите“ со своите хитови. Покрај неа за Оскарот ќе се борат и Ван Морисон, Лин-Мануел Миранда, Дајан Ворен и Били Ајлиш и, Финис.

За потсетување, годинашното 94. доделување на Оскарите ќе се емитува на „Еј-би-си“, на 27 март.

Scroll to Top