Бијонсе го најави новиот албум, фановите шпекулираат дека ќе има дует со Тејлор Свифт

Бијонсе го најави новиот албум Act II кој ќе биде во кантри стил, а многу фанови шпекулираат дека една од гостите на албумот ќе биде и мегапопуларната Тејлор Свифт.

Сè беше поттикнато од продуцентот Кила Б, кој соработуваше со Бијонсе. Тој за време на директен пренос на ТМЗ одговараше на прашања за соработката на двете пејачки.

„Да речеме само дека е на пат да го шокира светот. Ќе и дозволам на вашата имагинација да одлучи што значи тоа“, рече тој откако фановите шпекулираа на социјалните мрежи.

„Не би ме изненадило Бијонсе и Тејлор да направат кантри песна заедно“, „Што ако Бијонсе и Тејлор соработувале на кантри песна заедно?“ прашуваат обожавателите.

Сепак, извор изјави за „Ентертејмент Викли“ дека Тејлор на ниту еден начин не се појавува на новиот албум на Бијонсе. Ниту Тејлор ниту Бијонсе јавно не ги коментираа шпекулациите.

Новиот албум Act II ќе излезе на 29 март.

Scroll to Top