Бијонсе и Џеј Зи во јуни 2017 година станаа родители на близнаци на кои им дадоа невообичаени имиња, Сир и Руми.
Малку по пораѓањето, поп-дивата се сликала гола со своите бебиња, а потоа ги повлекла фотографиите.
Бијонсе и Џеј Зи во средата почнале со турнејата On The Run II во Кардиф во Велс на големиот стадион „Принципалити“, кој може да собере 75.000 луѓе.
Во еден момент за време на двочасовниот спектакл на огромниот видеобим се појавиле интимни фотографии од Бијонсе и Џеј Зи со децата. Публиката била воодушевена.
Тоа го сфатиле како привилегија и подарок од славната двојка, а кадрите со незамислива брзина се прошириле на социјалните мрежи.
Но, вистината е дека децата што се гледаат на видеобимовите не се близнаците на славната двојка.
„Не, не се“, кратко и јасно порачал тимот на Бијонсе.
Сепак, и понатаму се шпекулира за тоа дали децата што се појавија на големите телевизори се нивни или не. Во јавноста кружат и информации дека станува збор за бебиња чии имиња се Сир и Руми Картер. Истовремено, Бијонсе и Џеј Зи на видеото изгледаат како да ги обновуваат своите завети.