Бијонсе и Џеј Зи со 176 номинации ги соборуваат рекордите на „Греми“

Познатиот брачен музички пар Бијонсе и Џеј Зи, го соборија рекордот и станаа уметници со најмногу номинации за Греми на сите времиња, со по 88 номинации. Вкупно, оваа музичка двојка има 176 номинации за Греми, што е рекорд, а треба да се спомене дека Бијонсе е и најнаградуваниот музички изведувач во историјата, со дури 28 освоени Греми. А само малку помалку успешен Џеј Зи. Раперот досега има освоено 21 Греми во сите четири рап категории, но е изедначен со Канје Вест, кој има и 21 Греми.

Во вторник на 15 ноември беа објавени номинациите за овогодинешните Греми и Бијонсе доминира. Пејачката води по бројот на номинации и се натпреварува со Адел, Хари Стајлс и Лизо за албумот на годината. Бијонсе освои девет номинации за највисоките музички награди, а со новите номинации во кариерата има вкупно 88 номинации кои ја изедначија со сопругот Џеј Зи како најноминиран уметник во историјата на Греми. Џеј Зи доби три номинации за песната God Did, една за песна на годината, втората за најдобра рап песна и трета за најдобра рап изведба.

Scroll to Top