Популарната пејачка Бијонсе која неодамна стана и мајка на близнаци, едвај чека да се врати назад на сцената – работа која бара од неа да има совршена фигура.
Светските медиуми се во текот со сите случувања, па и со тоа дека познатата пејачка посетила пластичен хирург со цел да го корегира својот задник, а по тоа планира да изврши и корекција на своите гради.
– Џеј Зи ја советуваше да го направи ова многу порано! Конечно ја прифати таа идеја. Тој е многу возбуден околу ова, а пробува да ја убеди да направи уште неколку интервенции, вклучувајќи и реконструкција на гради”, изјави извор близок до познатиот пар.
Бијонсе, по зголемувањето на својата тежина, сфати дека сака пообликуван и позатегнат задник.
– Таа се чувствува возбудено околу новиот изглед по корективниот зафат бидејќи конечно ја доби посакуваната фигура на песочен часовник, што и помогна повторно да ја врати самодовербата околу своите облини, додава изворот.