Бијонсе се занимава со црна магија

Тешки обвинувања беа упатени кон суперѕвездата Бијонсе – тапанарката Кимберли Томпсон ја тужеше дека се занимава со маѓепсништво и црна магија, но исто така и дека фрлила клетва врз неа. Музичарката која соработуваше со Бијонсе дури седум години ја обвини за злоупотреба која вклучува разни форми на маѓепсништво и црна магија, а сето тоа медиумите го пронајдоа во судските записи.

Нејзините обвинувања одат толку далеку што вели дека поп-дивата ѝ ја убила мачката, а во документите што завршиле на суд, Томпсон тврди дека пејачката го прислушувала нејзиниот телефон и ги контролирала нејзините финансии, па побарала забрана за нејзино приближување.

Судијата го отфрли нејзиното барање за привремена забрана за приближување, а на бизарните обвиненија познатата Бијонсе нема коментар.

Scroll to Top