Најпозната пејачка на светот, Бијонсе Ноулс, долго криеше една тајна од својот приватен живот.
Имено, станува збор за полусестрата на пејачката, која нејзиниот татко ја добил по аферата со 29-годишна проститутка и стриптизета Такоја Бренскоб.
Полусестрата на Бијонсе сега има седум години, а нејзината мајка во емисијата „Радар онлајн“ го потврди ДНК-тестот и дека Метју Ноулс ѝ е татко на малата Кои.
„Кога имав 21 година бев само танчерка и почнав да се мешам со успешни и богати деловни луѓе и на крајот сè заврши така што двапати бев уапсена поради занимавање со проституција. По тоа одлучив дека повеќе нема да се занимавам со тоа“, изјави Бренскоб за „Радар“.
Еве како изгледа малата полусестра на поп-ѕвездата.
Инаку, мајката на Бијонсе се развела од Мејту во 2009 година откако дознала дека има ќерка со непозната жена, а Бијонсе тогаш прекинала каков било контакт со неа.
Таткото на Бијонсе никогаш не ја признал малата Кои за своја ќерка.