Бил Гејтс ќе стане дедо, ќерка му Џенифер со сопругот го чекаат првото дете

Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс ќе стане дедо. Ќерка му Џенифер го чекаат првото дете со сопругот Најел Насар. Сподели и заедничка фотографија во долг темнозелен фустан. Една од првите кои им честиташе беше мајка ѝ Мелинда, која рече дека едвај чека да го запознае внукот.

„Благодарна сум ви. Не можам да бидам повеќе возбудена што конечно ќе го запознаам внук ми, а вас ќе ве видам како родители“, рече Мелинда.

Џенифер и Најел се венчаа во 2021 година, по само четири години врска. Рекоа дека ги споила љубовта кон јавањето, а венчавката ја направија на фарма во Вестчестер. Свршувачката ја објавија година дена претходно во 2020 година. За потсетување, Бил и Мелинда се разведоа во 2021 година по 27 години брак.

Заедно имаат три деца, Рори Џон, Фиби Адел и Џенифер Кетрин. Иако тогаш веќе беа разведени, разликите ги оставија на страна и на свадбата Џенифер ја испратија до олтарот.

Scroll to Top