Бил Гејтс ѝ купи подарок од 16 милиони долари на ќерка си

Бил Гејтс на својата ќерка Џенифер ѝ купил имот вреден 16 милиони долари. Имотот е подарок за нејзиното дипломирање. Џенифер студира на „Стенфорд“, но по дипломирањето сака да се посвети на натпреварите во јавање и јавачки спортови на највисоко ниво. Гејтс ја опишува ќерка си како една од најталентираните јавачки помлади од 25 години. Џенифер се натпреварува за тимот Evergate Stables, кој беше формиран за неа.

Фармата со коњи во Норт Салем не е прв ваков подарок. Пред четири години Гејтс потроши 18 милиони долари за ранч во Сан Диего.

Scroll to Top