Актерот Бил Козби за себе вели дека затворот го смета за неверојатно искуство и дека во иднина планира да напише книга за искуството кое го стекнал во него. Неговиот порпарол Ендрју Вајат за „Њујорк дејли њуз“, вели дека Козби со својата сопруга се нема видено од септември минатата година ѝ дека преку телефон се слушаат три пати дневно.
„Затворот му помогна на Козби да биде покреативен. Кога ќе излезе планира да пишува за доживеаното искуство во него“, изјавил Вајат.
Адвокатот вели дека Камил Козби не го посетувал својот сопруг во затворот во Филаделфија, но дека тоа е негов избор. Вајат вели дека Козби преферира секојдневни телефонски разговори со неа.
Двојката, како што вели Вајат, пред неколку недели прослави 55 години брак, а нивната врска è сеуште цврста. Вајат вели дека непосетувањето на Камил во затворот, нема никаква врска со нејзината гордост, ниту со можноста за нивен развод. Адвокатот на актерот објаснува дека Козби сè плашел дека некои луѓе, во случај на нивната посета, можат да ги искористат неговата сопруга и ќерки ѝ дека не сака целата ситуација да прерасне во циркус.
Вајат верува дека некогашното воено искуство на осумдесетгодишниот Козби му помогнало да се навикне на затворскиот живот.
„Козби четири години ги мина во морнарица, а затворот не се разликува премногу од морнарицата. Луѓето имаат заеднички соби, спијат еден над друг на креветите на спрат. Сите си ја извршуваат својата работа, а вие морате да ги следите правилата“, изјавил Вајат за „Дејли њуз“.
„Козби станува во раните утрински часови околу четири часот, а потоа вежба. Бидејќи храната е преполна со сол, најпрво ја преместува во филџан, а потоа три пати ја „чисти“ над мијалникот, за да не сè разболе. Козби себе сѝ сè смета за политички затвореник, кој мора да го одржи здравјето додека не се реши неговата жалба“, вели Вајат.
На почетокот Козби, како ѝ останатите познати затвореници, како што е примерот со раперот Мик Мил и фудбалскиот тренер Џери Сандаскиј, бил сместен во одвоениот дел од затворот за да може да сè прилагоди.
Од 28 јануари, затворските денови ги минувал во ќелија во рамки на оквирот на Одделението за ветерани. Козби јаде во заедничката трпезарија со останатите затвореници0 ѝ мора да биде присутен на секоја прозивка. Има пристап до заедничките простории, дворот, библиотеката и просториите за верски обреди.
Комичарот Бил Козби е познат по улогата во хит серијата „Козби шоу“. Осуден è на три до десет години затвор поради сексуален напад. Познат е како „американскиот татко“, поради татковската улога во популарната хумористична серија од осумдесетите години, а казнет è поради дрогирање ѝ извршен сексуален напад врз Андре Констанд во 2004 година. Се верува дека поради неговата длабока старост, досудена му è поблага казна.