Бил Козби ќе мора повторно да оди на суд и да се соочи со обвинение за сексуален напад врз 64-годишната Џуди Хут. Станува збор за случај постар од 50 години. Адвокатите на Хут тврдат дека Козби ја присилил на секс во 1975 година, кога таа имала само 16 години, пренесе ABC News.
Се претпоставува дека адвокатите на Козби ќе играат на картата дека товарот на докажување на случај постар од 50 години треба во целост да натежне врз обвинителите и дека тие се тие кои треба да ја докажат вината.
Тие признаа дека Козби ја однел Хут во Плејбој Мансон каде што имале секс. Тоа е нешто што може да се види и на фотографиите, но велат дека во тоа време таа на била малолетна.
За потсетување, Козби отслужи повеќе од две години затворска казна поради обвиненијата за дрогирање и сексуална злоупотреба. Во затвор е од 2018 година, а на крајот на јуни му беше укината пресудата откако беше постигнат договор со претходниот обвинител.
Судењето е еден од последните случаи со кои Козби се соочува откако жалбениот суд во Пенсилванија ја поништи неговата пресуда за казнено дело за сексуален напад и го ослободи од затвор пред 11 месеци.