Били Ајдол требало да го глуми негативецот во „Терминатор 2“

Главната улога во еден од најпопуларните филмови на сите времиња, „Терминатор 2“, ја имаше Арнолд Шварценегер, кој го глумеше добриот терминатор. Улогата на негативецот, терминаторот Т-1000, му беше доделена на Роберт Патрик.

Сепак, како што открива самиот Патрик, улогата за терминаторот Т-1000, кој во филмот игра улога на робот составен од течен метал, на почетокот била наменета за прочуениот рокер Били Ајдол.

„Били беше првата желба на режисерот Џејмс Камерон“, открива Патрик.

Но, сепак, Били не можел да ја прифати улогата затоа што во тие моменти доживеал сообраќајна незгода и добил скршеница на ногата.

Оваа информација ја открил во едно свое интервју самиот Роберт Патрик, кој на крајот бил избран за улогата на терминаторот Т-1000.

„Како што самиот сфатив, на почетокот Били Ајдол бил подготвен за улогата на терминаторот Т-1000. Можам да кажам дека го видов ликот на Били кога отидов кај Стен Винстон (човекот што работел на специјалните ефекти во филмот „Терминатор 2“). За жал, Били имал сообраќајна незгода додека возел мотор и доживеал скршеница на ногата, така што физички не можел да го направи тоа што било барано од него за улогата“, изјавил Роберт Патрик.

 

 

 

Scroll to Top