Били Ајлиш исплашена од момче што ја демне: Кога ќе ме види покажува со прстот дека сака да ме убие

Американската пејачка Били Ајлиш побарала судот во Лос Анџелес да му забрани на Џон Хирл (23) да ѝ се приближи, оти се плаши дека тој сака да ја убие. Таа вели дека момчето е постојано пред нејзиниот семеен дом во Лос Анџелес и фрла вознемирувачки писма напишани до пејачката во нивниот двор, пренесува „Ен-би-си њуз“.

19-годишната пејачка во барањето до судот тврди дека Хирл буквално кампувал преку улица од нејзината семејна куќа, каде што се наоѓа училиште и седел на оградата на училиштето за да гледа во нејзиниот дом. Хирл наводно ѝ се заканувал, правејќи гест со прстот како да го пресекува грлото секогаш кога ќе ја види.

Поради ова, Били тврди дека е емоционално вознемирена и се плаши и за својата, но и за безбедоста на нејзиното семејство.

„Веќе не се чувствувам безбедно кога ќе излезам надвор од мојот дом, не можам да уживам во основните физички вежби во моето соседство, бидејќи може да се обиде да ми пријде и да ме повреди. Секогаш кога ќе го видам, едноставно ми доаѓа да врескам“, напиша Ејлиш.

Официјалното сослушување за овој случај ќе се одржи на 4 март.

Не е првпат Ајлиш да се соочи со проблеми поради славата. Во јуни 2020 година судот ја продолжи на три години мерката против Принил Русо, откако тој седум пати упаднал во домот на Ајлиш и се однесувал непристојно. Тогаш судот му забрани на Русо да контактира или да се доближи на 100 метри до ѕвездата и нејзините родители. По ова „Гугл“ го замагли семејниот дом на Ајлиш од „стрит вју“.

Scroll to Top