Били Ајлиш ја потврди врската со 11 години постарото момче

Пејачката Били Ајлиш со објава на Инстаграм официјално ја потврди врската со нејзиното 11 години постаро момче, пејачот Џеси Радерфорд. Таа сподели неколку фотографии од прославата на Ноќта на вештерките, а на една од нив се гледаат таа и нејзиното момче во костими како бебе и дедо.

„Животот е страшен. Среќна Ноќ на вештерките“, напишала пејачката.

Коментарите на дел од корисниците на Твитер беа дека тие воопшто не се ни маскирале, со оглед на нивната разлика во годините, додека друг корисник напишал „Били е доволно стара, треба да знае колку е ова чудно и морничаво“.

Гласините за врската на Били Ајлиш со Џеси Радерфорд започнаа кога на социјалната мрежа Тик Ток кога се појави видео на кое двајцата се држат за рака. Инаку, Радерфорд беше во врска со мнакенката Девон Ли Карлсон од 2015 до 2021 година. Били претходно ја поврзуваа со раперот Брендон Кју Адамс и актерот Метју Тајлер Ворт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BILLIE EILISH (@billieeilish)

Scroll to Top