Били Ајлиш за 11 години постариот дечко, имам среќа да спијам со најзгодниот маж

Американската пејачка Били Ајлиш веќе некое време е во врска со 11 години постариот музичар Џеси Рутерфорд. Поп-ѕвездата во интервју за Vanity Fair рече дека двајцата се среќни заедно и си претставуваат инспирација еден на друг. Џеси е пејач во групата The Neighborhood.

dobivaj vesti na viber

„Навистина, супер ни е заедно. Баш сум среќна. Освен што го запознав најзгодниот маж на светот, добив и можност да спијам со него. Фала ти Џеси. Фала ви на сите“, рече Ајлиш.

Минатата недела Финиас О’Конел ја коментираше контроверзната врска на неговата сестра во интервју за „Е!Вести“.

„Сè додека е она среќа и јас ќе сум среќен“, рече Финиас.

За потсетување, двојката неодамна за првпат се појави заедно. На свеченоста пристигнаа во свилени пижами на „Гучи“ и беа завиткани во големо ќебе.

 

Scroll to Top