Бившата девојка на Илон Маск, канадската музичарка Клер Елис Баучер, попозната како Грајмс, се надева дека нејзиниот живот на земјата е при крај. Но, не во религиозна смисла. Та сака да оди на Марс до средината на шеесеттите и таму да умре.
„Би сакала да одам доволно далеку, каде што моето тело не може да издржи да се врати. Но, можеби поблиску до крајот на мојот живот, некаде до 65 годишна возраст“, изјавила таа за Wired.
Смета дека Марс би бил одлично место за крај на нејзиниот живот.
Грајмс има две деца со Маск, едногодишната ќерка Екса Дарк Сидерел, која се вика Y, и тригодишниот син X Æ A-12. Имињата совршено би се вклопиле во некој визионерски вселенски град, но Грајмс може да биде и пречка на патот.
„Ако има вистинска одговорност, на пример, ако моите деца имаат внуци и навистина им требам, можеби ќе се предомислам. Но, сепак повеќе би сакала да видам некои нови светови. Би сакала да се преселам на Марс, но морам да почекам додека моите деца не се добро, како до 25 години. Да умрам на Земјата, сигурно би зажалила во моите последни моменти. Да умрам во вселената, би помислила: „Ти живееше одличен живот, направи се што сакаше“, додала таа.
Можеби нејзината идеја не е толку далеку од реалноста бидејќи компанијата на нејзиното поранешно момче, SpaceX, моментално работи на ракета вредна 3 милијарди долари за транспорт на тежок товар и луѓе на Месечината и Марс. Покрај тоа, пејачката веќе се подготвува за својот вонземски живот преку, како што вели, вонземска трансформација.
Минатата година, таа рече дека поминала преку големи напори за да добие целосно вонземско тело кое ќе биде целосно покриено со бело мастило.
Грајмс веќе почна да прави огромни тетоважи на своето тело, таа размислувала да го покрие лицето со бело мастило и да направи операција на ушите. Таа сака да направи операција за да ги направи нејзините уши трајно зашилени, исто како елф.