Бившата свршеница на боксерот Владимир Кличко, актерката Хајден Пенетиер, за првпат отворено зборуваше за зависноста. Со години се борела со неа и со постпородителната депресија, а откри и како изгледал нејзиниот пат до закрепнувањето.
Имала само 15 години кога еден член од нејзиниот тим почнал да ѝ нуди таблети за среќа.
„Таблетите ме правеа весела пред секое интервју или излегување на црвениот тепих. Не знаев дека со тоа ќе ја отворам вратата на мојата пропаст. Секогаш кога ќе помислев дека ќе го допрам дното, вратата за нови стапици повторно ќе ми се отвореше“, рече за магазинот People.
Кога кариерата ѝ била во подем, Хајден почнала сè повеќе да консумира алкохол и опијати. Кога наутро ќе се разбудела можела нормално да функционира само со алкохол и дрога и објасни дека тоа е нешто без кое не можела да живее. Тоа била и причината за крајот на врската со Кличко.
„Тој не сакаше да биде во моја близина. Ниту јас сакав да сум во моја близина. Бев во циклус“, рече таа и додаде дека пред четири години донела одлука ќерка ѝ да ја прати да живее со нејзиниот татко.