Бившата на Леонардо ди Каприо открива дека по раскинувањето со актерот се чувствува како вистинска жена

Манекенката Камила Мороне (25), бившата девојка  на Леонардо ди Каприо (48), во јуни минатата година го прослави својот 25 роденден и изјави дека никогаш не научила толку многу како минатата година. Камила не само што доби улога во претстојната мини-серија на Амазон Daisy Jones and the Six , туку и раскина со славниот актер во тој период.

Двојката влезе во врска кога таа имаше 20, а Ди Каприо 43. Иако е познато дека Леонардо сака помлади девојки, нивната разлика во години предизвика многу расправии. Тоа не ги спречи да останат заедно пет години. Само еден месец откако манекенката наполни 25 години, нивната врска заврши.

„Никогаш не научив толку многу како на 25 години. Само што почнав да се чувствувам како жена, но исто така се чувствувам мала на многу начини“, открила Мороне во интервју за The Cut.

Во новата серија на Амазон, која е базирана на популарната книга со исто име на Тејлор Џенкинс Рид, Мороне ја игра Камила Дан, партнерката на Били, пејачот на бендот.

„Се трудам да го донесам она што го знам од мојот живот на секој лик што го играм. Тоа е главната работа што ја научив на часовите по глума, како да ги искористиш моментите од твојот живот кои беа влијателни. Значи, мислам дека не е поинаку за Камила, јас само го искористив тоа што го знаев. Ја гледам како неверојатно независна, и покрај тоа што Били е рок ѕвезда“, раскажала  таа.

Daisy Jones and the Six го следи подемот и падот на измислен рок бенд во 1970-тите, пред кој стои харизматичниот Дејзи Џонс (Рајли Киу). Правата на книгата ги имаат Рис Витерспун и нејзината продукциска куќа Hello Sunshine, а Amazon Prime ја објави соработката уште пред романот да излезе на полиците.

 

Scroll to Top