Бившата пејачката на „Спајс Грлс“ Мелани Би се сврши со 14 години помлад фризер

Бившата спајсица Мелани Браун, позната како Мел Би, се сврши со 14 години помлад фризер Рори Мекфи. Откри дека ја запросил на имотот Кливеден во Беркшир откако се вратиле од прошетка со кучињата.

„Бевме во прошетка со кучињата и на враќање Рори ме изненади. Клекна на едно колено и ме запроси. Не размислував за тоа, иако имав некое чудно чувство во стомакот дека ми подготвува нешто“, рече Мел и додаде дека и рекол дека ја сака дека сум му била најдобра пријателка и дека сака да биде со мене до крајот на животот.

Рори рече дека бил нервозен и дека усните му трепереле. Со години ги бележел работите кои сакал да ѝ ги каже, но кога дошол моментот, се збркал. Мел додадеи дека нејзините колешки од групата „Спајс грлс“ биле воодушевени од веста за свршувачката.

„Првпат во животот сум свршена со прекрасна чесна личност, со која се чувствувам толку заштитено, негувано, сакано. Прекрасно ми е. Сакам да уживам во тоа“, рече Мелани и додаде дека нејзините колешки од „Спајс грлс“, биле воодушевени кога слушнале дека се свршила.

„Ема Бунтон плачеше, како и Мел Ц. Сите рекоа дека го сакаат Рори. Неверојатен е и му честитаа. Многу ми значи нивното мислење и особено ми е драго што Рори толку им се допаѓа, затоа што никогаш досега не им се допадна ниту еден од моите партнери“, рече Мел и откри дека девојките со години го бркале Рори.

„Пред да влеземе во врска, им реков дека само сме добри пријатели и дека покрај него се чувствувам сигурно“, рече Мел.
За потсетување Мелани и Рори се во врска три години. Пред него пејачката двапати беше во брак, со продуцентот Стефан Белафонте, од 2007 до 2017 и со глумецот Џими Гулзар од 1998 до 2000 година. Во првиот брак ја доби ќерката Феникс, а со Белафонте Мадисон. од кратката врска со глумецот Еди Марфи ја има 15 годишната Ангел Ирис.

 

Scroll to Top