Бившиот на Бритни заработи 1,2 милиони евра од интервју во кое зборуваше за неа

Бившиот на Бритни Спирс, Кевин Федерлајн заработи 1,2 милиони евра, од интервју во кое зборуваше за пејачката, пренесе британски „Мирор“. Кевин, кој е невработен, даде интервју за „60 минути Австралија“ ѝ откри сè што знае за Бритни.

Поранешниот танчер смета дека татко ѝ ја спасил држејќи ја под негов надѕор, а тврди дека тој не бил вклучен во старателството над неа.

„Не бев вклучен во ништо од тоа, така што навистина не знам како дојде до старателството. Не знам чија одлука беше тоа. Сè што знам е дека има семејство кое е загрижено за неа и кое се обиде да направи сè што може за да ѝ помогне“, рече Кевин.

Федерлајн во раните 2000 години, беше нејзин пратечки танчер. Четири години подоцна тие започнаа врска. Две години беа во брак во кој добија два сина.

По разводот, Кевин се обидел да ги држи синовите подалеку од правните процеси. Тоа го правеше поради насловните страни на светските магазини, кои беа полни со проблемите на пејачката со менталното здравје и распадот на нејзиното семејство.

„Целата оваа работа беше тешка за гледање, уште потешка да се проживее, а најтешко им беше на моите деца кои мораа да поминат низ тоа. Тоа е најпредизвикувачкото нешто кое морав да го направам во животот“, рече тој.

Откако беше ослободена од старателството на татко ѝ, по кое тој имаше целосна контрола врз нејзиниот финансиски и приватен живот, Бритни се најде повторно во центарот на јавноста. Таа почна да објавува голи фотографии, поради кои Федерлајн почуствува дека мора да ѝм се извини на синовите.

„Се обидувам да им објаснам дека тоа можеби е само уште еден начин на кој се обидува да се изрази, но, тоа не го намалува ефектот кој влијае врз нив. Тешко е. Не можам да замислам како се чуствуваат како тинејџери кои мора да одат во средно школо“, рече тој.

Иако Федерлајн тврди дека синовите не сакаат да ја видат, Џејден (15) во интервју откри дека тој и брат му ѝ посакуваат на Бритни сè најдобро и дека се надева дека еден ден ќе седнат заедно и ќе можат да разговараат.

 

Scroll to Top