Бившиот на Селма Блер пробал да ја задави, сега доби забрана да ѝ се приближува

Актерката Селма Блер побара судот во Лос Анџелес да му забрани на нејзиниот поранешен дечко Рон Карсон да ѝ се приближува оти физички ја нападнал. Според полициските извештаи, 49-годишната актерка на 25 февруари поднела пријава против Рон, со кој се забавувала околу седум години, а во која се вели дека ја нападнал на 22 февруари.

Според судските документи што ги објави „Пипл“, Селма тврди дека Рон бил во нејзиниот дом и ѝ враќал телевизор. Таа, пак, го завршила третманот за мултиплекс склероза неколку минути претходно и затоа била исцрпена. Откако таа му ги вратила клучевите од неговиот стан, а тој ѝ ги вратил нејзините, Селма му кажа на Рон дека не се чувствува добро. Тој тогаш вербално ја нападнал и ѝ кажал дека е бескорисна и дека можел да си најде многу подобра жена од неа. Потоа физички ја нападнал и ѝ скокал по телото додека таа лежела наведната на софата. Селма тврди дека тој пробал да ја задави и ѝ ги тресел главата и рамената агресивно.

Во својата судска пријава, Селма вели во самоодбрана ги ставила прстите во очите и устата на Рон додека врескала за помош по нејзината куќна помошничка, која во тоа време била горе. Потоа, Рон, наводно, ја ставил раката на нејзината уста и лицето, ја турнал на каучот, па Селма не можела да дише. Селма тврди дека накратко ја изгубила свеста пред Рон да ѝ удри шлаканица и да ѝ ја турне на страна главата, при што таа паднала на подот и почна да крвави од носот.

По заминувањето на Рон, Селма се јавила во полиција, а тој бил уапсен подоцна истата вечер за кривично дело семејно насилство со телесни повреди.

Судијата во Врховниот суд во Лос Анџелес го одобрил барањето за забрана што го поднела Селма.

Scroll to Top