Бившиот ѝ се заканува на Ким Кардашјан со домашни видеа

Бившиот на Ким Кардашијан, Реј Џ. ѝ се заканил дека ќе го објави нивното домашно видео, кое го снимил додека биле заедно. Како што пишуваат медиумите, Ким ги повикала своите адвокати за да пронајде решение да ја извлечат од ситуацијата.

Пред 20 години, Ким снимила експлицитно видео со тогаш нејзиниот дечко Реј. Vivid Entertainment издаде 41 минутно DVD со наслов „Ким Кардашијан суперстар“. Во него ја има Ким и Реј додека имаат секс. Оваа снимка и ја прослави американската старлета.

Извор близок до неа за британски „Sun“ рече дека Реј снимил неколку видеа со Ким и дека некои од нив биле интимни. Ким наводно им се заканила на нејзините адвокати дека не смеат тоа да го дозволат и дека само преку неа мртва тие видеа ќе бидат објавени.

Засега не е познато која од снимките Реј планира да ја објави, но се верува дека истата сакал да му ја откупи поранешниот сопруг на Кардашијан, Кание Вест.

„Отидов кај Реј една ноќ и го земав неговиот лаптоп. Кога ѝ го донесов да го види таа заплака. Знаете ли зошто плачеше кога го виде? Затоа што ја потсети на тоа колку беше искористена“, рече неодамна Кание.

Scroll to Top