Бјанка и Канје: Не се разведуваме, заедно сме на Денот на вљубените

Гласините за разводот на Канје Вест и Бјанка Ценсора не се точни, пишува „Mirror“.

Претставник на парот излезе со соопштение во кое тврди дека Канје и Бјанка се уште се заедно.

„Ye и Бјанка се во Лос Анџелес, подготвувајќи се заедно да го поминат Денот на вљубените. Тврдењата за нивниот приватен живот ќе доаѓаат директно од нив, а не од неосновани извори. Дали е ова петти или шести пат медиумите да згрешат што се разведуваат? Не знам повеќе”, се вели во соопштението.

Медиумот потсеттува дека според претходните информации од извори блиски до двојката, 47-годишниот рапер и 30-годишната архитектка ќе поднесат законско барање за прекин на бракот во наредните денови. Бјанка моментално престојува во нивниот луксузен дом вреден 35 милиони долари во Лос Анџелес. По разводот таа наводно ќе добие пет милиони долари.

Претходно беше објавено дека нивниот брак е осуден на пропаст поради антисемитските изјави на Канје на Х, и неговата одлука да продава маици со кукасти крстови.

„Ситуацијата стана екстремна“, истакна тогаш изворот, додавајќи дека Бјанка не е сигурна како да го „приземји“ Канје и дека знае дека е готово меѓу нив.

Scroll to Top