Славнaта актерка Блејк Лајвли сподели фотографија под која напиша: „Дури и да изгледа дека никогаш нема да ги симнете 30-те килограми што сте ги качиле за време на бременоста и да пребарувате на ‘Инстаграм’ прашувајќи се зошто немате задник како на модел, знајте дека тоа е сосема можно! Му благодарам на мојот тренер за враќање на мојот задник во форма. Се чувствувам многу горда”.
Во меѓувреме ѕвездата од Gossip Girl, која ја има и 3-годишната ќерка Џејмс со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс, призна дека сè уште учи како да сака своето тело откако родила деца.
Таа рече: „Ова е процес. По второто дете е сосема поинаку. Ова не е моето нормално тело, но ми се допаѓа. Учам да го сакам моето тело во секоја форма и мислам дека е тешко за жените, па мора многу да научам“.