Блејк Лајвли откри дека и е тешко да ги гледа интимните сцени на нејзиниот сопруг: „Тоа е тортура“

Блејк Лајвли во интервју за емисијата Tonight откри дека и е тешко да ги гледа секс сцените што ги снимал нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс. Таа се присети на една непријатна ситуација која ја доживеала за време на летот со нејзината ќерка Џејмс.

„Сите во авионот сакаа да го гледаат Deadpool, сите. Тоа беше мачење. Секаде каде што погледнав, на секој екран беше прикажан мојот сопруг во интимни сцени со друга жена. Потоа ќерка ми погледна во екранот и почна да мавта по Рајан бидејќи мислеше дека е како FaceTime“, изјави 36-годишната актерка.

Инаку, Deadpool е филм од 2016 година со Рајан Рејнолдс во главната улога.

Неодамна актерката го откри правилото кое таа и нејзиниот сопруг секогаш го следат за да ја задржат искрата во бракот. Тие многу јасно ставија до знаење дека нема да дозволат Холивуд да влијае на нивниот љубовен живот.

И покрај зафатените распореди, парот рече дека никогаш не работат во исто време и тоа го прави нивниот брак посилен. Додека гостуваше во Further Ado, ѕвездата од Gossip Girl објасни дека иако работата е важна за неа и нејзиниот сопруг, тие никогаш не сакаат да застане меѓу нив.

За потсетување, Блејк и 47-годишниот Рајан имаат еден од најхармоничните холивудски бракови. Тие се познати по тоа што често се задеваат на социјалните мрежи. Заедно имаат четири деца, од кои три ќерки – Џејмс (9), Инез (7) и Бети (4). Името и полот на четвртото дете се уште не се откриени.

Scroll to Top