Блејк Лајвли се збогува со Мишел Трахтенберг: Вистинските трагедии погодуваат ненадејно

Блејк Лајвли и посвети емотивна објава на нејзината колешка Мишел Трахтенберг. Мишел ненадејно почина на 26-ти февруари на 39-годишна возраст.

Лајвли објави нивна заедничка фотографија. Тие две глумеа заедно во серијата Gossip Girl. Блејк ја толкуваше Серена ван дер Вудсен, додека Мишел ја глумеше Џорџина Спаркс.

„Ова беше првиот ден кога ја запознав Мишел“, напишала Лајвли во својот опис на фотографијата. „Кога Мишел ќе влезеше во собата, ќе го знаевте тоа бидејќи енергијата ќе се променеше. Сè што правеше, правеше со 200%“, додаде Блејк.

Таа ја нарече „вистински љубезна личност“, а потоа се осврна на фактот дека нејзините колеги со текот на времето изгубиле контакт.

„Времето минува. Земате здраво за готово дека повторно ќе видите стар пријател. Да парафразирам, вистинските трагедии во животот се оние кои ве погодиле ненадејно, во обичен ден“, напиша Блејк.

„Светот изгуби исклучително чувствителна и добра личност. Нека нејзината работа и нејзиното големо срце ги паметат оние кои имаа среќа да го почувствуваат нејзиниот оган“, заклучи Блејк.

Scroll to Top