Блејк Шелтон е најсексапилниот маж за 2017 година

Магазинот „Пипл“ секоја година го избира најсексапилниот маж на годината, а за 2017 година тоа е кантри-пејачот Блејк Шелтон. 41-годишниот пејач последниве години го сврте вниманието на јавноста со врската со пејачката Гвен Стефани, со која се запозна на снимањето на музичкото шоу „Воис“.

„Почестен сум што магазинот ми ја додели оваа титула. Едвај чекам да му ја ‘плеснам во фаца’ веста на Адам Левин“, рече Шелтон.

Левин, фронтменот на „Марун 5“, е исто така член на жирито на „Воис“, голем пријател, но и ривал на Блејк, а и самиот е избран за најсексапилен маж од страна на магазинот.

Scroll to Top