Блек Чајна го тужи целото семејство Кардашијан

Американската танчерка и модел Блек Чајна го тужи целото семејство Кардашијан тврдејќи дека поради нив било укинато нејзиното реално шоу што го снимала со поранешниот свршеник Роб Кардашијан, односно братот на Ким, Клои и Кортни Кардашијан.

Блек Чајна тврди дека ова семејство сакало да ја уништи, а нејзиниот адвокат потврди за Би-би-си дека тужбата е поднесена против  Кортни, Ким и Клои Кардашијан, како и нивната мајка Крис Џенер.

Блек Чајна ја поднела тужбата  по раскинувањето со Роб Кардашијан, со кого има две ќеркички, а во истата се наведува дека семејството Кардашијан ги искористило своите слава, богатство и моќ за да ѝ се одмазди и да го укине нејзиното реално шоу „Rob & Chyna“.

Од друга страна, Роб ја обвини Блек Чајна дека го искористила неговото семејство за парична корист и дека одлуката за укинување на шоуто е заедничка одлука на телевизиската мрежа и семејството Кардашијан.

За потсетување, Блек Чајна и Роб почнале да се забавуваат во јануари 2016 година, 4 месеци откако се свршиле, а потоа ги добија ќерките Дрим Кардашијан, односно Сан Кардашијан.

 

Scroll to Top